домота | св.

Мота, намота до крај. Ја домотала и последната мотаница со преѓа.

домрда | св.

Престане да мрда. Врапчето мрда, мрда и домрда.

домрзи ме (те го...) | св.

Стане мрзлив, нема волја за работа. Ги домрзе да работат, па излегоа да се прошетаат.

домски | прид.

Што се однесува на дом. Домски ред. Домска управа.

Дон | м.

Река во Русија.

донавие | св.

Навие нешто до крај. Донавиј го часовникот оти ќе запре.

донајаде се | св.

Се најаде доволно. Се донајадов и легнав да се одморам.

донамисли | св.

Добро обмисли, смисли нешто до крај. Не го кажа тоа што го донамисли.

донапие се | св.

Се напие доволно. Не се донапил од водата.

донаполни | св.

Наполни до крај. Ги донаполни чашите со ракија.