донаправи | св.
Направи нешто до крај. Не сака да ги донаправи другите одаи.
донатор | ж.
Лице што подарува, што донира сопствени средства за помош на заеднички корисни работи.
донаторство | ср.
Акција на донирање средства, парична помош.
донација | ж.
Подарок, подарување, акт на донирање. Парите за изградба на салата се донација од нашите иселеници. Потребните средства се обезбедени преку странски донации.
доначуди се | св.
Се начуди многу. Не можевме да се доначудиме гледајќи ги прекрасните автомобили.
донде | прил.
До она место. Донде можеш и пешки да одиш. Испрати ме дондека
дондурма | ж.
донегде | прил.
донекаде | прил.
До некое, до определено место. Патот барем донекаде му беше познат. Патуваат ноќе, донекаде по патот, а после над селата. Донекаде одев пеш на работа.
донесе 1 | св.
Пренесе, предаде некому нешто носејќи го од некаде. Донеси вода во ѓумовите. Му донела нешто за јадење. Бротчето донесе патници. Дедо Мраз ќе им донесе подароци на децата.