дообјасни | св.
Објасни тоа што останало нејасно, објасни до крај. Изгуби желба да ја дообјасни својата мисла. Останува една работа што ќе мораме да ја дообјасниме.
доодбере | св.
Одбере до крај. Доодбрав од тоа што остана.
дооден | прид.
Што е физички опаднат, преморен, капнат. Тајфата ја водеше доодено старче. Колата ја тргаа два доодени коња.
дооди | св.
Со одење стигне до определено место, до крај. Го доодуваше патот кон планината.
доора | св.
Заврши со орањето, изора до крај. Ги ораше браздите што не успеа да ги доора татко му.
доостри | св.
Остри, изостри до крај. Доостри го моливчето!
доотвори | св.
Отвори нешто до крај. Радосно ја доотворил портата. Ги доотвори очите.
дооформи | св.
Оформи нешто до крај. Брзо ја дооформи сликата.
допадлив | прид.
Што е убав, привлечен, симпатичен. Косата ѝ беше свиена во допадлива фризура. Под него се постилаше допадлива глетка.
допадне | св.
Ми се бендиса, (ми) остави убав, силен впечаток. Ни малку не му се допадна оваа глетка. Девојката многу му се допадна. Ми се допаднаа неговите манири.