досврши | св.
Сврши, заврши нешто целосно, до крај. Јас ќе ја досвршам работата.
досег | м.
Граница до која некој или нешто може да досегне, да дофати, да долови; дофат. Тој беше далеку и надвор од нивниот досег. Ги одвлече надвор од досегот на нашите очи. Тоа беше највисок досег на неговото поетско дело.
досега | прил.
До овој момент, до овој час. Лажеш за сѐ што си рекол досега. Спиев досега. Не дошол досега кај нас.
досегашен | прид.
Што важи, трае, се случува до овој момент, досега. Досегашна работа. Досегашни успеси. Досегашно драмско творештво.
досегне | св.
Дофати нешто со рака или со помош на соодветно орудие. Тие досегнаа до пониските гранки на црешата и ги обраа. Детето одвај можеше да ги досегне косите на мајка си.
доседи | св.
Седи до определено време, до крај. Се плашеше дека нема да може да доседи сама во куќата.
досее | св.
Заврши со сеењето. Отиде да ја досее нивата со пченица.
досекува | несв.
доселба | ж.
Доаѓање, доселување во ново место за живеење. Доселбата во градот стариот тешко ја поднесе.
доселеник | м.
Лице што се доселило однекаде. Доселеникот бил обичен сликар. Тие биле првите цивилизирани доселеници.