дорски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на еден од трите грчки градежни стилови (според грчкото племе Дорани). Дорски стил.
доруча | св.
Заврши со ручекот, со јадењето, дојаде. Доруча и си легна да спие.
доруши | св.
Руши до крај. Ја дорушија старата куќа.
досада | ж.
Непријатно чувство на здодевност и монотонија поради незаинтересираност за работа или за околината. Тој со досада го следеше бескрајното дрдорење на старецот. Понекогаш пијам од досада.
досаден | прид.
Што е здодевен, што предизвикува досада. Чекањето е досадна работа. Се надевам дека не ви беше досадно моето кажување.
досади 1 | св.
Предизвика чувство на досада, на непријатност, стане здодевен, неинтересен, неподнослив. Разговорите на таа тема веќе му досадија. Му досади постојаното плачење на детето. Тој им досадил со своите проблеми.
досади 2 | св.
Заврши со садењето. Вчера го досадивме тутунот.
досамоти | предл.
Многу блиску, веднаш до некого, до нешто. Тој седна досамоти него. Се наместија досамоти водата.
досаѓа | несв.
досвири | св.
Свири, исвири до крај, престане да свири. Кога досвирев му го вратив кавалот.