достојание | ср.

Тоа што се прифаќа како неразделна сопственост на некого или на нешто.

дострел | м.

(воен.) Граничната точка до која може да се стрела со оружје. Дострелот на пушката.

достриже | св.

Истриже до крај коса или волна. Го беше дострижил муштеријата.

доструже | св.

Иструже до определена мера или до крај. Го достругав дрвото.

достуди ми | св.

Почувствувам студ, ми стане студено. Мене ми достуде.

достур | прил.

Доволно, многу. Работи достур. Имаше достур јадење и пиење.

досуди | св.

Со судска пресуда определи некому нешто. Судот ми ја досуди куќата.

досуши | св.

Суши, исуши до крај. Ја досушив косата.

дотажи | св.

Престане со тажењето за некого или за нешто. Го дотажија војникот.