достега | св.

Прицврсти, спои нешто до крај, стегајќи. Стега ама не достега.

достигне | св.

Стигне, стаса некого или нешто што се движи. Таа одвај ги достигна другите жени. Кучињата го достигнаа волкот.

достижен | прид.

Што може да се достигне; Достижно место. Достижни работи.

достиска | св.

Стиска до крај. Го достиска целиот лимон.

достлак | м.

Пријателство, љубезност. Нашиот достлак трае многу години.

достоен | прид.

Што има углед, што има достоинство. Достоен човек. Достоен борец.

достои | св.

Стои до определено време, до крај. Достојав на нозете. Достои на тоа место.

достоинствен | прид.

Што има достоинство, што предизвикува почит. Достоинствен човек. Достоинствено однесување.

достоинственик | м.

Лице што е на висока функција, што има висок чин. И татко му и дедо му беа високи достоинственици.

достоинство | ср.

(само едн.) Позитивна особина што се потврдува со високи морални вредности и самопочит. Го чува сопственото достоинство. Тој е човек со високо достоинство.