дотогашен | прид.
Што бил, што траел дотогаш, до определен временски момент. Дотогашна практика. Дотогашен професор. Дотогашни успеси.
дотогај | прил.
До тоа време, до определен момент во минатото или во иднината. Дотогаш уште немав видено партизани. Треперев како никогаш дотогаш. Дотогаш сигурно ќе може да ја сврши работата. Дотогај ќе настапат некои промени
доток | м.
Дотечување на вода на одредено место, вештачко езеро и сл. Дотокот во акумалцијата е под предвиденото ниво.
дотокму | прил.
Доволно. Дотокму не ги разбира работите на возрасните.
дотолку | прил.
За означување на определена количина: до толкава мера, толку многу. Не е дотолку безначајно како што се чини. Дотолку подобро за него. Дотолку ќе фатеше да лаже, што и ќе се засрамеше
дотолчи | св.
Заврши со толчењето, истолчи до крај. Го дотолчив месото.
доточи 1 | св.
Стави уште, дотури некаква пијачка. Доточи ми боза.
доточи 2 | св.
Заврши со острењето. Го доточив ножот.
доточка | ж.
Слаба ракија. Жолта доточка.
доточка се | св.
Дојде, пристигне некаде долго движејќи се еден по друг. Одвај се доточкаа до засолништето.