дотира | св. и несв.

Даде, дава парична помош, даде, дава дотации. Тие го дотираат списанието.

дотка | ж.

Постара сестра. Оти дотка ти не е на училиште?

доткае | св.

Изработи ткаенина на разбој до крај. Го доткаа килимот.

доткин | прид.

Што припаѓа, што се однесува на дотка. Доткина работа. Доткини чевли.

дотлее | св.

Престане да гори слабо, догори без пламен. Гламните полека дотлеаја.

дотовари | св.

Заврши со товарењето на добиток или на превозно средство. Ја дотоварив колата со сено.

дотогај | прил.

До тоа време, до определен момент во минатото или во иднината. Дотогаш уште немав видено партизани. Треперев како никогаш дотогаш. Дотогаш сигурно ќе може да ја сврши работата. Дотогај ќе настапат некои промени

дотогашен | прид.

Што бил, што траел дотогаш, до определен временски момент. Дотогашна практика. Дотогашен професор. Дотогашни успеси.

доток | м.

Дотечување на вода на одредено место, вештачко езеро и сл. Дотокот во акумалцијата е под предвиденото ниво.

дотокму | прил.

Доволно. Дотокму не ги разбира работите на возрасните.