дотера | св.
а) За животно – доведе со терање да стигне на некое место. Ги дотера говедата во шталата. б) За човек – принуди некого со терање да дојде, да стигне на некое место. Ги дотераа селаните на сретсело.
дотеран | прид.
Што е приведен, донесен; дотера_1_2 Тие беа дотерани во судот и обвинети за бунт. Различна стока е дотерана од напуштените села.
дотетерави се | св.
Пристигне до некаде тетеравејќи се, одејќи тешко, несигурно. Се дотетерави до своето легло. Се дотетеравив да ѕирнам.
дотече | св.
Надојде воден тек во поголемо количество од вообичаеното. Реката дотече.
дотира | св. и несв.
Даде, дава парична помош, даде, дава дотации. Тие го дотираат списанието.
дотка | ж.
Постара сестра. Оти дотка ти не е на училиште?
доткае | св.
Изработи ткаенина на разбој до крај. Го доткаа килимот.
доткин | прид.
Што припаѓа, што се однесува на дотка. Доткина работа. Доткини чевли.
дотлее | св.
Престане да гори слабо, догори без пламен. Гламните полека дотлеаја.
дотовари | св.
Заврши со товарењето на добиток или на превозно средство. Ја дотоварив колата со сено.