доучи | св.
Заврши со учењето на определена школа, занает и сл. Тој ниеден занает не доучил. Го доучи курсот по англиски јазик.
дофат | м.
Растојание до кое може да се дофати, да се досегне. Му дојде на дофат.
дофати | св.
Фати, зеде испружувајќи рака. Одвај го дофати јажето. Го дофатила српот.
дофатлив | прид.
Што може да се дофати, да се досегне. Дофатлива височина.
доформулнра | св.
Формулира во подобра мера, до крај. Партиите ги доформулираа своите програми.
дофрли | св.
Даде, подаде со фрлање. Му дофрли на кучето една коска. Му ја дофрли топката на соиграчот.
доход | м.
Пари или други материјални вредности што се добиваат за трудот или за дејствувањето во времето за кое се пресметуваат.
доходен | прид.
Што носи доход. Доходна работа. Доходно стопанство.
доходовен | прид.
Што се однесува на доход. Доходовни односи.
дохрани | св.
Додаде доволно храна. Мајката го дохрани бебето.