дотрча | св.
Дојде, стигне со трчање; стигне брзо. Дотрчав до хотелот. Му дотрчаа во пресрет.
дотука | прил.
До тоа место, до некое определено место. Дури да дојдат од морињата дотука. Дотука е наше, натаму твое.
дотур | м.
Испорака, додавање. Дотур на стока. Дотур на храна.
дотури | св.
Тури, притури уште малку, до определена мера. Му дотурила жената уште една рака гравчиња.
дотурка | св.
Со туркање донесе нешто до некое место. Тој го дотурка бурето до дворот.
доубие | св.
Усмрти некого што е претходно ранет или повреден. Прво го запалиле жив, а потоа и го доубиле.
доуми (се) | св.
Смисли, сфати нешто. Не можев да (се) доумам што станува. Не се доумуваше што се случува.
доуништи | св.
Уништи нешто или некого сосема, до крај. Невремето ги доуништи градинарските насади.
доусоврши | св.
Усоврши нешто до крај. Го доусоврши терзискиот занает.
доуточни | св.
Направи да биде поточно, појасно. Го доуточни прецизно. Го доуточнивме договорот.