дошепне | св.
Шепне некому нешто кратко, набрзина. Го повикала и му дошепнала нешто.
дошепоти | св.
Каже нешто тивко, прикриено, со шепотење. Му дошепоти нешто.
дошета | св.
Заврши со шетањето. Дошетав по светот и се вратив дома.
дошие | св.
Додаде нешто со шиење, пришие. Дошив уште едно копче на џемперот.
дошика се | св.
Се сети, се досети. Одвај се дошикал што сакала да му каже.
дошиклив | прид.
Што лесно се дошикува. Тој е дошиклив човек.
дошлак | м.
Лице што се доселило од друг крај, дојденец. Дошлакот говорел грчки. Дошлаците од селата.
дошуми | св.
Престане да шуми. Дошумија селските воденици.
дошумоли | св.
Престане да шумоли. Дошумолеа лисјата на стариот даб.
доѓубри | св.
Заврши со ѓубрењето, наѓубри до крај.