дочита | св.
Исчита до крај. Ја дочитал сета книга. Ги дочита утрените псалми.
дочува | св.
Исчува нешто до крај. Го дочувал палтото. Си ја дочува честа.
дочуди се | св.
Се чуди во доволна мера, се чуди до крај. Не можам да се дочудам.
дочуе | св.
Успее да чуе. Дочу една позната свирка. Не ги дочу последните зборови на мајка си.
дошантра се | св.
Дојде, стигне со шантрање при одењето. Се дошантраа до дома.
дошари | св.
Исшара нешто до крај. Децата го дошараа ѕидот на зградата.
дошепне | св.
Шепне некому нешто кратко, набрзина. Го повикала и му дошепнала нешто.
дошепоти | св.
Каже нешто тивко, прикриено, со шепотење. Му дошепоти нешто.
дошета | св.
Заврши со шетањето. Дошетав по светот и се вратив дома.
дошие | св.
Додаде нешто со шиење, пришие. Дошив уште едно копче на џемперот.