дроби | несв.
Ситни, кине нешто на помали парчиња. Дробеа грутки земја со прстите. Го дробеше лебот во чинија.
дробилка | ж.
Машина за дробење. Работеше со дробилка.
дроблив | прид.
Што лесно се дроби. Дроблив камен. Дроблива земја.
дробникав | прид.
Што е малечок, ситен; Дробникав стражар.
дробнички | ж.
Нанижани пари што се прицврстуваат во косата. Правеше дробнички. Дробнички од златни пари.
дроб-сарма | ж.
Вид јадење приготвено од внатрешните органи на јагне.
дрога | ж.
(само едн.) Исушени делови од лековити растенија што се употребуваат како лек.
дрогерија | ж.
Продавница за козметички производи, за лекови и за други средства за лична хигиена. Во градот има повеќе дрогерии.
дрогира | св. и несв.
Принуди, принудува, натера, тера некого да земе дрога. Ја дрогирале девојката.
дрогиран | прид.
Што користи, што зема дрога. Дрогиран младич. Дрогирани лица.