дрогирање | ср.
Употреба, користење на дрога. Дрогирањето е честа појава меѓу младите. Честите дрогирања му го поматиле умот.
дрозд | м.
Шумска птица што пее убаво; Turdus musikus
дроздалец | м.
дронец | м.
дропка 1 | ж.
Дива гуска. Јато дропки.
дропка 2 | ж.
Симбол формиран од броител и именител како цели броеви што претставуваат рационален број, а се разделени со дробна црта. Решавам дропки.
дропка 3 | ж.
дробенка.
дропла | ж.
Вид голема копнена птица со долг врат и силни нозе; Otis tarda. Јато дропли.
дропче | ср.
дрочен | прид.
Што е голем, буен, крупен; Дрочен сончоглед. Дрочна ѕвезда. Дрочно жито. Дрочни гроздови.