дрочи | несв.

Расте, станува голем, крупен. Дрочи грозјето. Дрочат сочните плодови.

дрочка | несв.

Дрочи полека, малку по малку; Грозјето дрочка.

дрпа | несв.

Грубо трга, тегне, влече некого или нешто. Ме дрпаше за палтото. Те дрпаат за лактовите.

дрпав | прид.

Што е искинат, парталав. Дрпава облека. Дрпаво дете.

дрпка се | несв.

Се дрпа по малку, полека; Се дрпкаше по стомакот.

дрпне | св.

дрска | несв.

Има пролив. Го болеше стомакот и цел ден дрскаше.

дрско | прил.

дрскосерец | м.

Тој што има дрскавица.