дума | несв.
Мисли, размислува. Цела ноќ думав. Удри, ич не думај!
думан | м.
Облак од чад, густ чад. Пламни и думани се креваа до небо.
думани | и.
Панталони од дебела и груба волнена ткаенина со широки ногавици. Носеше парталави думани.
думани | несв.
Крева прав. Само думаниш со метлата.
думдум-куршум | м.
Пушчен експлозивен куршум со тап врв кој при ударот се распрснува и прави опасни рани. Ја засипуваше нашата комора со думдум-куршуми.
думежлив | прид.
Што зборува многу. Думежливо дете.
думка | несв.
Удира, тропа по нешто. Со рацете думкаше по вратата. Думка на тапанот.
Дунав | м.
Река во Европа.
дунда | ж.
Назив за женски полов орган, особено кај женско дете, девојче.
дунда | несв.
Мрмори. Дундаше незадоволно. Луто дундајќи си нешто под нос, си замина.