думани | несв.
Крева прав. Само думаниш со метлата.
думдум-куршум | м.
Пушчен експлозивен куршум со тап врв кој при ударот се распрснува и прави опасни рани. Ја засипуваше нашата комора со думдум-куршуми.
думежлив | прид.
Што зборува многу. Думежливо дете.
думка | несв.
Удира, тропа по нешто. Со рацете думкаше по вратата. Думка на тапанот.
Дунав | м.
Река во Европа.
дунѓер | м.
дунѓерин | м.
Дрводелец. Дунѓеринот делкаше едно дрво.
дунѓерисува | несв.
Работи како дунѓерин. Знае да дунѓерисува.
дунѓерлак | м.
Дрводелство. Се разбира во дунѓерлак.
дунда | ж.
Назив за женски полов орган, особено кај женско дете, девојче.