дунда | несв.
Мрмори. Дундаше незадоволно. Луто дундајќи си нешто под нос, си замина.
дундест | прид.
Што е дебел, крупен. Дундеста жена. Дундесто лице.
дундури се | несв.
Премногу се дотерува, се прчи. Што се дундуриш толку?
дунум | м.
дуња 1 | ж.
Вид ниско овошно дрво со крупни, жолти и мирисливи плодови; Cydonia oblonga. Прачка од дуња. Надвор цутеа дуњи.
дуња 2 | ж.
Земја, свет, народ. Сокол е тој, на дуњата што го нема. Да видиме до каде ќе ја доведеме дуњава.
дуњица | ж.
Вид трева што се среќава на ливадите и пасиштата и дава добра паша. Дуњицата е медоносна трева.
Дуовден | и.
Христијански празник што се слави на педесеттиот ден по Велигден; Света Троица
дупач | м.
Лице што подбуцнува, задева некого; Тој е голем дупач.
дупачлак | м.
Потсмев, мајтап. Добар е за правење дупачлаци.