двои | несв.

Дели нешто, разделува, изделува од некаде, од нешто. Ние не ве двоиме од нас. Еден плот ги двои.

двоина | ж.

Категорија на граматичкиот број што се јавува кај именската и кај глаголската промена во специјални форми што покажуваат дека станува збор за две единици сфатени како природен пар на два предмета; дуал.

двокатен | прид.

Што има два ката. Двокатна зграда.

двоколка | ж.

Запрежна кола, кочија на две колца, на две тркала. Потерајте ја двоколката кон онаа рамнина.

двокомпонентен | прид.

Што е од две компоненти. Двокомпонентни образувања.

двокрак | прид.

Што има два крака. Двокраки скалила.

двократен | прид.

Што се врши на двапати, што е во два дела, Двократно работно време.

двокрилен | прид.

Што има две крила. Двокрилен авион.

дволик | прид.

Што има два лика, две лица.

дволичен | прид.

Што е лажлив, неискрен, лицемерен.