двовидски | прид.
Што има, што се јавува во два вида.
двоглав | прид.
Што има две глави. Двоглаво чудовиште. Двоглав орел.
двогласен | прид.
Што е во два гласа. Двогласно пеење.
двоглед | м.
Направа за набљудување оддалечени предмети; дурбин. Со двогледот ја посматраше границата.
двогодишен | прид.
Што има две години, што трае две години, што е по две години. Двогодишно дете. Двогодишно растение. Двогодишен биланс.
двогрб | прид.
Што има две грпки. Двогрба камила.
дводелен | прид.
Што има два дела, што се состои од два дела. Дводелен костум. Дводелна куќа.
дводневен | прид.
Што трае два дена. Дводневен семинар. Дводневна посета.
двоен | прид.
Што е составен од два еднакви дела, члена или од два предмета. Двоен прозорец. Двојна стража.
двозначен | прид.
Што има две значења, двосмислен. Двозначна функција.