дволичи | несв.

Пројавува дволичност, лицемери. Дволичи со зборови.

дволичник | м.

Дволичен човек. Препреден, стар дволичник ги залажува сите.

двомисли | несв.

двомоторен | прид.

Што има два мотора. Двомоторен авион.

двонасочен | прид.

Што има две насоки, што се врши во две насоки. Двонасочен сообраќај.

двонационален | прид.

Што опфаќа две нации, што се однесува на две нации. Двонационална средина.

двопек | м.

Двапати печен леб; пексимид. За болен стомак најдобро е двопек и чај.

двополов | прид.

(физ.) Што има два електрични или магнетни пола.

двор | м.

Голема раскошна палата во која живее владетел или веледостојник; дворец. Во минатиот век се играл кадрилот во европските дворови.

двореден | прид.

Што се состои од два реда. Дворедно закопчување.