двосмислен | прид.

Што има две значења, што може двојно да се толкува. Двосмислена духовитост. Двосмислен знак.

двосмислица | ж.

Тоа што може да се разбере двосмислено. Приказната е полна со двосмислици.

двособен | прид.

Што се состои од две соби. Двособен стан. Двособна куќичка.

двостепен | прид.

Што има два степена, две фази. Двостепено решавање на проблемот.

двостран | прид.

Што има две страни, што потекнува од две страни. Двострана согласност. Двострани договори.

двотактен | прид.

(муз.) Што се состои од два такта.

двотарифен | прид.

Што опфаќа две тарифи, што се однесува на две тарифи. Двотарифно броило.

двотомен | прид.

Што има два тома. Двотомен роман.

двотретински | прид.

Што содржи две третини од нешто. Двотретинско мнозинство.

двоумение | м.

Двоумење; се.