дворен | прид.
Што се однесува на двор. Дворно место. Дворна врата. Дворни ѕидови околу куќата.
дворец | м.
Аристократски, богаташки дом; замок. Купи прекрасен дворец од крајот на 16 век. Живее како царица во дворец.
дворог | прид.
Што има два рога. Дворога вила. Дворог стап.
дворожен | прид.
дворски | прид.
Што му припаѓа на дворот, што се однесува на двор. Дворски сплетки. Дворски шут. Дворски советник.
дворјанин | м.
Лице што му припаѓа на најблискиот круг на владетелот, висок дворски службеник. Дворјанинот мораше да биде трезен кога царот се опиваше.
дворјанство | прид.
Висок општествен сталеж што ги наследува привилегиите или ги добива со указ на владетелот; благородништво, аристократија. дворјански, дворјанскиот Дворјанско држење. Дворјански куќи.дворница,
двосед | м.
Возило со две седишта. Чамец двосед. Спортски автомобил двосед.
двослоен | прид.
Што има два слоја. Двослојна хартија.
двосложен | прид.
Што има два слога. Двосложен збор.