дебелко | м.

Дебел човек. Што имаш ти горделив дебелко со мене? Дебелкото беше во тешка шинела.

дебелогазест | прид.

Што има дебел задник. Одвратен дебелогазест чиновник.

дебелогазец | м.

Тој што е дебелогазест. Бегај оттука, дебелогазец никаков!

дебелоглав | прид.

Што тешко сфаќа, прифаќа, што тешко разбира што му се кажува.

дебелоглавец | м.

Тој што е дебелоглав. Не се плаши тој од некои си дебелоглавци.

дебелокожен | прид.

Што има дебела кожа. Дебелокожно прасе.

дебелокожец | м.

(зоол.) Вид животни со дебела кожа.

дебелокорест | прид.

Што има дебела корка, лушпа. Дебелокорестите лубеници имаат дебелина на корките од два до три сантиметри.

дебелокорка | ж.

Плод што има дебела корка (лубеница, тиква и сл.).