дебелуша | ж.

Дебела жена. Продавачката, дебелушка, со црно под ноктите, ги кладе џимиринките во фишек

дебелушкав | прид.

Постара дебелушкава старица одвај одеше.

деби | ср.

Прв јавен настап, прво излегување пред публика. Деби на фестивалот. Поетско деби.

дебитант | м.

Лице што првпат јавно настапува; почетник. Доби награда за дебитант на фестивалот. Тој е дебитант во литературата.

дебитира | св. и несв.

Настапи, настапува првпат јавно. Дебитира со игран филм. Дебитира како автор на забавни мелодии.

деблокира | св. и несв.

Прекине, прекинува блокада; отстрани, отстранува забрана. Го деблокира кредитот. Цела зима деблокира патишта.

дебне | несв.

Дебрецин | м.

Град во Унгарија.

дева | ж.

Девица, девојка – како составен дел од името на христијанската Богородица. Света дева Марија.