девалвација | ж.
Законско намалување на вредноста на една валута со решение на владата или на централната банка на една земја.
девалвира | св. и несв.
Изврши, врши девалвација.
деведесет | бр.
Основен број девет пати поголем од десет; се бележи со бројката 90.
деведесет- | претс.
Прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека од тоа што го означува основата во другиот дел од сложенката има деведесет: деведесетгодишен, деведесетгодишник, деведесетгодишнина.
деведесетти | бр.
Бројна придавка од деведесет. Деведесетти учесник во трката.
девер | м.
Брат на мажот. Девер ѝ и јатрвата дојдоа последни. Му беше омилена снаа на деверот.
деверинчник | м.
Деверов син.
деверица | ж.
Деверова жена.
деверичница | ж.
Деверова ќерка.
деверлак | м.