дегенерира | св. и несв.
Предизвика, предизвикува дегенерација, деформира, уназади, уназадува нешто. Промените во климата дегенерираа некои сорти винова лоза.
дегенериса | св.
деградација | ж.
Губење на веќе стекната позиција, паѓање на понизок ранг, снижување на понизок степен. Промената на работното место за него значеше казна и деградација.
деградира | св. и несв.
Лиши, лишува некого од определена позиција, врати, враќа на понизок ранг. Командантот го деградирал десетарот на обичен војник. Тој бил деградиран на пониско работно место.
дегустација | ж.
Стручно испитување и оценување на квалитетот на одделни производи: кафе, вино и сл. Беше поканет да учествува во дегустацијата на најдобрите вина.
дегустира | св. и несв.
Изврши, врши дегустација, го определи, го определува квалитетот на некој производ преку сетилото за вкус.
де...де | сврз.
За поврзување разделни реченици за наизменично вршење на дејството; Де беа закарани де се миреа.
дедин | прид.
Што припаѓа на дедо. Дедино палто. Дедово луле
дедо | м.
Татко на еден од родителите. Тој беше плукнат дедо му. Го замоли деда си да му каже приказна.
дедовина | ж.
Имот наследен од дедо, прадедо. Нема да дозволам да се дели нашата дедовина. Полето не е моја дедовина.