девијантен | прид.
Што се однесува на девијација. Девијантна појава. Девијантно однесување.
девијација | ж.
(физ.) Поместување на некое тело од правецот на движење под влијание на нешто. Кај електричниот компас нема девијации.
девица | ж.
Девојка што немала сексуални односи; невина девојка, девственица. Не знаеја дали се омажила или е останата девица. Витезите скитници го сметале за свој долг да ги заштитуваат девиците.
девојка | ж.
Лице од женски пол, младо, пораснато, неомажено. Таа е мирна и добра девојка. На чардакот се појави девојка. Со својата убавина се изделуваше од другите девојки.
девојкин | прид.
Што припаѓа на девојка. Девојкина облека. Девојчини раце
девојчинство | ср.
Период од животот кога жената била девојка. Ова утро ќе се раздели од сѐ што имала во своето девојчинство.
девствен | прид.
Што се однесува на девица; што е невин, скромен, чесен. Девствена мома.
девственик | м.
Лице што немало сексуални односи. И двајцата останаа девственици.
дегенерација | ж.
(биол.) Еволутивен процес што доведува до деформација и губење на одделни органи или на целиот организам; спрот: регенерација. Тоа доведува до дегенерација на мускулните влакна.
дегенерик | м.
Лице што покажува знаци на физичко или душевно растројство; изрод. Во филмот толкува улога на дегенерик.