декласира | св. и несв.
Исклучи, исклучува од класата во која нешто или некој припаѓа; отфрли, отфрла.
декласиран | прид.
Исклучен од класата во која спаѓал; пропаднат, запуштен. Декласирана стока. Декласирана личност. Декласирани општествени слоеви.
деклинација | ж.
(грам.) Промена на именските зборови по падежи. Во македонскиот јазик нема именска деклинација.
деклинира | несв.
(грам.) Менува зборови по падежи.
декодсира | св. и несв.
Преведе, преведува кодирана порака во друг, разбирлив код (јазик);
деколте | ср.
Длабок изрез околу вратот на женски фустан, блуза и сл. Беше облечена во син фустан со големо деколте.
деколтира | св. и несв.
Направи, прави деколте.
деколтиран | прид.
Што има длабоко деколте. Деколтиран фустан. Деколтирана облека.
декомпозиција | ж.
Раздвојување, расчленување на една целина на повеќе делови; распаѓање.
декомпонира | св. и несв.
Раздели, разделува, расчлени, расчленува, изврши, врши декомпозиција.