деконтаминација | ж.

Отстранување или неутрализирање на отровни материи од земјата, предметите и сл. Треба да се преземат мерки за деконтаминација на почвата.

деконцентрација | ж.

Пренесување на правото за одлучување за некои работи од централната власт на пониските локални органи. Административната деконцентрација постои само на хартија.

деконцентрира | св. и несв.

Спроведе, спроведува деконцентрација.

декор | м.

Тоа со што е украсена театарската сцена. Просторот на сцената ги има најнеопходните елементи на декор.

декоратер | м.

Лице што изработува украси, што украсува нешто. Тој работеше како работник декоратер

декоративен | прид.

Што се однесува на декор. Декоративна уметност.

декорација | ж.

Украсеност, накитеност. Таванска декорација.

декорира | св. и несв.

Направи, прави декорација. Целиот простор го декорирал беспрекорно.

декрет | м.

Писмена наредба, одлука или указ што има законска сила. Обичајот бил озаконет со султански декрет.