демилитаризира | св. и несв.
Изврши, извршува демилитаризација, разоружи, разоружува војска;
деминутив | м.
Збор, обично изведена именка што во однос на основната именка значи нешто мало или смалено; Деминутив од куќа е куќичка.
деминутивен | прид.
Што се однесува на деминутив. Деминутивен суфикс. Деминутивна форма. Деминутивна наставка. Деминутивно значење.
Демир Капија | ж.
Мало гратче во Македонија.
Демир Хисар | м.
Град и област во Македонија.
демисија | ж.
Оставка од служба, откажување од понатамошно вршење на некоја служба. Поднесе молба за демисија.
демисионира | св. и несв.
Поднесе, поднесува оставка на служба или на звање.
демне | несв.
Чека и посматра од заседа. Чувствува како некој ја демне. Демневме со ноќи. Опасности го демнат на секој чекор. Волкот му го демнеше стадото.
демобилизација | ж.
Премин на вооружените сили од воена во мирновременска состојба. Политичка демобилизација.
демобилизира | св. и несв.
Стави, става вооружени сили од воена во мирновременска состојба.