детини се | несв.

Постапува како дете, незрело. Не им личи да се детинат пред нас.

детински | прид.

Што му припаѓа на дете. Детинска љубов. Детински ум.

детиште | ср.

Пејор. од дете. Сурија пакосни детишта. Распуштени детишта.

детињак | м.

Младолик човек.

детонатор | м.

Запалка, каписла што служи за палење експлозив.

детонација | ж.

Пукот, тресок, татнеж од експлозија. Детонација на бомба. Детонацијата ги оглуши.

детошарник | м.

Човек што се однесува детински.

Детроит | м.

Град во САД.

детство | ср.

Периодот од раѓањето на детето до пубертетот. Рано детство. Другари од детството.