дефанзива | ж.

Одбрана, состојба во која една страна е само во позиција да се брани.

дефанзивен | прид.

Одбранбен. Дефанзивна бомба. Дефанзивно оружје. Дефанзивни средства.

дефект | м.

Недостаток, мана; нешто што е расипано. Купен е со дефект на моторот. Се најде во дефект. Отстранување на дефектот.

дефектен | прид.

Што е со недостаток, што е оштетен, расипан, што е неупотреблив. Дефектен автомобил.

дефетизам | м.

Чувство на истрошеност, исцрпеност, малодушност, неверување во успехот на некоја акција.

дефетист | м.

Тој што не верува во успех или во победа, малодушен човек.

дефиле | ср.

Параден марш (на војска); свечена поворка.

дефилира | несв.

Минува во дефиле.

дефинира | св. и несв.

Даде, дава дефиниција на некој поим; начин на кој нешто ќе функционира, определи, определува, објасни, објаснува некој поим. Ја дефинира фонемата. Ги дефинира задачите. Тој период го дефинираат како најмрачен. Ги дефинира своите ставови.