дефиниран | прид.

Што е определен, што е објаснет. Дефинирани задачи. Дефиниран план на развојот на селото.

дефинитивен | прид.

Конечен, решавачки, заклучен. Дефинитивен облик. Дефинитивна верзија. Дефинитивна одлука. Дефинитивна форма. Дефинитивно решение.

дефиниција | ж.

Збиено, јасно и разбириливо објаснување на некој поим со кое се искажува суштината. Изведува дефиниција. Општа дефиниција. Концизна дефиниција. Куса дефиниција.

дефицит | м.

Кусок во благајната или на сметката. Дефицит од неколку милиони денари.

дефицитарен | прид.

Што е во загуба, што покажува кусок, што има повеќе давачки одошто примања; дефицитен.

дефицитен | прид.

Што е во загуба;

дефлаторен | прид.

Што се однесува на дефлација, што предизвикува дефлација. Дефлаторни движења. Дефлаторна политика.

дефлација | ж.

Намалување на количеството пари во оптек заради зголемување на нивната куповна вредност;

деформација | ж.

Промена на нормалниот облик на некое тело под некакво влијание; изменетост, изобличеност, искривеност. Големи деформации. Различни деформации.

деформира | св. и несв.

Изобличи, изобличува нешто, обезличи, обезличува. Ја деформира вратата. Ги деформира фиоките.