децидира | св. и несв.
Реши, решава; пресуди, пресудува нешто. Го децидира случајот.
децидиран | прид.
Решителен, определен. Децидирана изјава.
децилитар | м.
децимал | ж.
Кој и да било број, кое и да било бројно место по децималната запирка во декадниот броен систем. Во сметањето нема да ги земеме предвид децималите
децимален | прид.
Што се однесува на децимал. Децимален број. Децимална запирка. Децимално место.
дециметар | м.
дечар | м.
Тој што многу сака деца и умее да се однесува со нив.
дечиња | и.
дечка се | несв.
Се кара, се расправа. Тие се дечкаа цело попладне.
дечко | м.
Момче, потпораснато машко дете. Си станал цел дечко.