Дешат | м.

Планина во Македонија.

дешифрант | м.

Толкувач на шифри, на знаци и на помалку познати ракописи, тој што се занимава со дешифрирање.

дешифрира | св. и несв.

Одгатне, одгатнува, прочита, чита шифра или текст. Дешифрира порака. Дешифрира хиероглифи од стар пергамент. Некои од турските дефтери тешко се дешифрираат.

дејгиди! | изв.

За обраќање кон некого или кон нешто со нагласена емоционалност. Дејгиди, Игно, душо измачена! Море, дејгиди вујко, дејгиди родителу. Дејгиди, луди млади години.

дејди! | изв.

дејност | ж.

Опсег, опфат на работа, активност, ангажираност. Книжевна дејност. Општествена дејност. Просветна дејност. Издавачка дејност.

дејствен | прид.

Што е активен, што влијае на нешто, што има некакво дејство. Оваа појава има дејствен карактер.

дејствие | ср.

дејство.

дејствителен | прид.

Што го има, што постои во стварноста; вистински, реален. Се прости од дома како да тргнува на дејствителна војна. Се редеа страшни глетки како да се живи, дејствителни.