дејство | ср.
Пројавување на некаква енергија, дејствување, функционирање. Архимед го открил дејството на лостот. Разорно дејство на експлозивот. Ја пушти машината во дејство. Со голема вештина ги вршеше сите тие дејства.
дејствува | несв.
Врши некое дејство. Тие се здоговориле да дејствуваат заедно. Тој живееше и дејствуваше како писател и револуционер во еден пресуден период.
дејче | ср.
дење | прил.
Преку ден, денски. Дење работи, ноќе спиј, а не обратно.
ди! | изв.
За терање коњ, магаре.
диб | и.
Листови на долниот дел од стеблото на тутунот. Берење на дибот.
дибек | м.
Издлабен сад од камен или (поретко) од дрво вкопан во земја во кој се толчи сол, пипер, кафе и др. Звук од празен дибек.
дибидус | прил.
Сосема, потполно. Дибидус не знае.
див | прид.
За животно – што живее слободно во природата, што не е припитомен. Диви животни. Дива свиња. Див зајак.
диван | м.
Отоман, канабе, софа. Стар диван. Легна на диванот.