дигнат | прид.

Кренат, одложен. Новите крпи се дигнати, кога ќе треба, ќе ги извадам.

дигне | св.

Помести некого или нешто од пониска на повисока положба. Го дигна детето. Ја дигна книгата од подот. Дигне раце.

дигнитет | м.

Достоинство, углед, чест, висока положба, вредност. Се руши дигнитетот на државата.

дигноглав | прид.

Што е горделив, надуен, што се прави важен. Стариот е дигноглав.

дигресија | ж.

Отстапување, оддалечување од основната мисла, од основната тема. Мала дигресија. Непотребни дигресии. Често прави дигресии.

дидактика | ж.

Дел од педагогијата што се занимава со општите методи и форми на наставата.

дидактичар | м.

Тој што се занимава со дидактика; добар, успешен во наставата.

дидактичен | прид.

Што е поучен, што поучува. Дидактични песни.

диета | ж.

Посебен режим на исхрана, сообразен со состојбата на организмот, што се состои во умереност или откажување од определени продукти (обично од масти) во исхраната. Строга диета. Диета за болниот препорачана од лекар.

диетален | прид.

Што е наменет за диета. Диетална храна. Диетален пијалак.