дикат | м.
Внимание. Голем дикат. Човек со дикат. Направи со дикат.
дикел | м.
Железна алатка со два крака за копање (лозје, градина и сл.). 'Рѓосан дикел.
диктат | м.
Текст што му се кажува некому за да го запише. Диктатот е посложена форма на писмената вежба од препишувањето.
диктатор | м.
Тој што владее со неограничена власт.
диктатура | ж.
Неограничена власт што се потпира на сила. Кралска диктатура. Воена диктатура.
диктафон | м.
Апарат за снимање и репродуцирање усни пораки.
диктира | несв.
Зборува, кажува или чита нешто што друг го запишува од збор до збор.
дикција | ж.
Јасен изговор, чистота и беспрекорност во звучењето на секој глас, секој збор, секоја реченица и секоја говорна целина. Добра дикција. Лоша дикција.
дилбер | прид.
Љубовник, саканик, миленик, либе. Мој дилбере!
дилема | ж.
Состојба во која треба да се избере меѓу две можности; недоумица. Реши дилема. Нема дилема. Исправен пред дилема. Се најде во голема дилема.