дилер | м.

Берзански агент што се занимава со купување на вредносни хартии и други стоки од свое име и за своја сметка.

дилетант | м.

Тој што без научна и без стручна подготовка се занимава со некоја наука или уметност за свое лично задоволство; аматер. Дилетант подобар од професионалец.

дилетантизам | м.

Работа, активност на дилетант.

Дили | ср.

Главен град на Источен Тимор.

дилижанса | ж.

Голема затворена кочија со коњи, која служела за превоз на патници и на пошта. Со дилижанса допатува до градот.

дилми | сврз.

Штом, кога, бидејќи, нели. Дилми си дошол сега, не враќај се.

дилувиум | м.

Период од развојот на Земјата, по леденото време, кога почнале да се топат глечерите, период кога се појавил прачовекот.

дилувијален | прид.

Што потекнува од дилувиумот, период по леденото време. Дилувијално време. Дилувијални материјали.

дим | м.

Ситни честички и гасовити производи од согорување што се креваат во воздухот кога нешто гори; чад. Се крева густ дим. Се крена дим од запалено сено.

димен | прид.

Што е од дим. Димна завеса. Димни облаци.