динамит | м.
Експлозив со големо разорно дејство составен од нитроглицерин и други додатоци.
динамитен | прид.
Што е направен од динамит. Динамитен експлозив.
динамичен | прид.
Жив, подвижен, полетен. Динамичен живот. Динамично време.
динамо | ср.
Направа што ја претвора механичката енергија во електрична.
динар | м.
Основна парична единица во некои земји, некогаш и сега. Југословенски динар.
Динариди | и.
Планински масив во Хрватска и Босна и Херцеговина.
династија | ж.
Владетелско семејство, наследна лоза. Кралска династија.
динго | м.
Австралиско диво куче; Canis lupus familiaris dingo.
динка | ж.
Воденица во која се лупи ориз.
динкаџија | м.
Воденичар во динка.