диносаурус | м.
Изумрен огромен влекач од времето на мезозоикот.
диода | ж.
Електронска цевка со две електроди: катода и анода.
диоптер | м.
Направа за визирање со чија помош се насочува една визирна линија кон определена точка. Гледано низ диоптер.
диоптрија | ж.
Единица за мерење на прекршувањето на светлината кај оптичката леќа, обично при мерење на степенот на далековидоста или на кратковидоста заради корекција на видот. Контактни леќи со голема диоптрија.
дип 1 | прил.
Многу, силно, сосема. Дип лошо.
дип 2 | сврз.
Бидејќи, зашто, затоа што. Дип оној мојон е за никаде, инаку би знаел. Дип е за тебе, инаку не би го правел. Сакаше да нѐ истепа, дип родители сме му. Дип не го видов инаку тешко нему.
дипла | ж.
Набор, фалта (на здолниште). Надолу паѓаше во богати дипли. Скутник од три дипли.
диплак | м.
Лист од тутун подготвен за нижење.
диплач | м.
Тој што го дипли платното, штофот.
дипленица | ж.
Само во изразот – сабја дипленица. Тест му готви сабја дипленица, што се диплит дванаесет дипли.