димензија | ж.
Простирање на телата (по должина, ширина, височина). Кажи ми ги димензиите. Приближна димензија. Помала димензија.
дими | несв.
Прави, испушта дим. Оџакот дими.
димии | ж.
Дел од женска (обично муслиманска) народна облека, вид шалвари со широки ногавици, набрани под колената или околу глуждовите. Свилени димии.
димлив | прид.
Што има својство лесно и многу да дими, Димлив барут.
димник | м.
диморфен | прид.
Што има, што се јавува во два облика. Диморфни инсекти. Диморфна хемиска супстанција.
дин 1 | м.
Вера (обично муслиманска).
дин 2 | изв.
Вообичаен изговор со кој се подражава биење на камбана или на часовник;
дина | ж.
Песочен рид долг неколку стотици метри и висок неколку метри. Пустински дини.
динамика | ж.
Дел од механиката што ги проучува законите на движењето на телата во зависност од силите што дејствуваат на нив; статика.