дипли | несв.
Превитка, свитка (обично платно, штоф, чаршаф и сл.) Диплеле невестински руби.
диплома | ж.
а) Свидетелство за завршен степен на образование (обично средно или високо). б) Документ за добиено научно или специјалистичко звање.
дипломат | м.
Висок службеник во надворешнополитичката служба што ја претставува својата држава во официјалните односи со други држави. Австриски дипломат.
дипломатија | ж.
Правила, начела и начини на дејствување на една влада во областа на надворешната политика, вештина за водење на надворешната политика.
дипломатски | прид.
Што се однесува на дипломат и на дипломатија. Дипломатско претставништво. Дипломатски односи. Дипломатска служба.
дипломец | м.
Тој што е пред дипломски испит или го положил во скоро време.
дипломира | св. и несв.
Положи, полага завршен испит на факултет, висока школа и сл. по кој се добива диплома. Дипломира на филолошкиот факултет.
дира | ж.
Трага од човек или животно. Му оди по дирата.
дирек | м.
Дрвен столб што служи за потпора. Дирек на скалите. Се потпре до дирекот.
директен | прид.
Што е поврзан, што се прави без посредник; непосреден. Директен контакт. Директно прашање. Директен одоговор. Директна врска. Директен следбеник.