еднокрилец | м.
Авион со еден пар крила, со по едно крило од двете страни; моноплан.
еднолик | прид.
Што има еднаков, ист лик, изглед со некој друг. Три моми еднолики.
еднолиниски | прид.
Што следи само една линија, едностран.
еднолитарски | прид.
Што собира еден литар.
едноличен | прид.
Со само еден лик, здодевен, монотон, неразновиден. Едноличен глас. Едноличен пејзаж. Еднолична сказна. Еднолична храна. Еднолични разговори.
едномесечен | прид.
Што трае или што има еден месец. Едномесечно бебе.
едноминутен | прид.
Што трае една минута. Едноминутно молчење.
едномисленик | м.
Што мисли, што размислува исто како некој друг; истомисленик.
едномисленост | ж.
Еднаков начин на мислење со некој друг; истомисленост.
едномоторен | прид.
Превозно средство што има само еден мотор. Едномоторен авион.