еднонадруго | прил.

Едно врз друго, едно преку друго, без ред. Ги нафрла еднонадруго.

еднонасочен | прид.

Што има само една насока. Еднонасочен пат. Еднонасочна улица. Еднонасочно движење.

еднонеделен | прид.

Што трае или што има само една недела.

едноног | прид.

Што има само една нога. Едноног инвалид.

еднообразен | прид.

Едноличен, постојано ист. Еднообразни вежби. Еднообразна програма.

едноок | прид.

Што има само едно око.

еднопартиски | прид.

Што има само една партија. Еднопартиски систем. Еднопартиско управување.

едноплеменик | м.

Припадник на исто племе.

едноподруго | прил.

Во низа или редослед едно по друго, непрекинато. Три ноќи едноподруго.

еднопрежен | прид.

За запрежна кола – што е со едно впрегнато животно.