еднорак | прид.
Што има само една рака.
еднореден | прид.
Во изразот – еднореден костум – што се закопчува со само еден ред копчиња.
еднорог | прид.
Што има еден рог.
еднороден | прид.
Од еден и ист род, истороден, од ист вид.
едносед | м.
Што има само едно седиште, што е наменет за само едно лице.
едноселец | м.
Тој што е од исто село со некој друг.
еднослоен | прид.
Што е составен од еден слој, што има само еден слој.
едносложен | прид.
Што има само еден слог.
еднособен | прид.
Што има само една соба. Еднособен стан.
едноставен | прид.
Прост, што не е сложен по состав, по изработка и сл. Едноставен мебел. Едноставен механизам.