едностоен | прид.
Постојан, непрекинат. Едностојна борба. Едностојни црцорења.
едностран | прид.
Што се однесува само на една страна, што е разгледан, разработен само од една страна. Едностран пристап. Еднострано решение. Еднострани заклучоци.
едностранчив | прид.
едностранчивост | ж.
еднострун | прид.
Музички инструмент со една струна, со една жица.
еднотипен | прид.
Што е од ист тип со нешто друго.
еднотомен | прид.
Што е издаден, испечатен во еден том, во една книга. Еднотомен речник.
еднотомник | м.
Издание, книга, зборник издаден во еден том.
едноумие | ср.
Едностран, ограничен начин на мислење, подреден на една идеологија, на еден поглед на светот, без слобода за проток на различни погледи и идеи.
еднофазен | прид.
Што се извршува во една фаза. Нашата работа ќе биде еднофазна.